Каде се вози најбрзо?

Како писта за трки е автопатот Скопје - Тетово

Во рамки на засилената акциска контрола колку брзо се вози на автопатиштата, вчера полицијата изрече 157 санкции за возачи од кои 93 за прекршоци направени на автопатот Скопје-Тетово. Претходно во саботата беа изречени 88 мерки за возење со брзина поголема од дозволеното. Н

„Засилената акциска контрола ја спроведоа Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот", истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Помошник министерот за односи со јавноста при МВР, Тони Ангеловски, кој вчера го посети Тетово додека траеше акцијата, истакна дека во ноември 2020 споредено со претходниот ноември има намалување на сообраќајните незгоди за 21 отсто, а во декември 2020 споредено со претходниот декември има намалување дури за 23 отсто на сообраќајните незгоди.

Неодамна објавивме и со слика направена од полициски радар, како се регистрирани возачи кои брзаа со 212, односно со 200 километри на час. А тоа, бездруго, е секојдневие на автопатот Скопје - Тетово - Гостивар, но и на другите автопатишта да се вози пребрзо.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе