Кај жена од Куманово најдена дрога, заврши во притвор

Кумановското обвинителство поведе постапка против триесет и осумгодишна кумановка за пронајдена дрога, соопшти денеска Oбвинителството. Кај кумановката пред три дена полицијата пронашла прашкаста материја и дрога. Судија од кумановскиот Суд го прифатил предлогот на обвинителството и ѝ определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување на истражна постапка и поднесе предлог за определување на мерка притвор против 38 годишна кумановка, поради постоење на основано сомнение дека го сторила кривичното дело-неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничената на 4 декември годинава, околу 12:00 часот, во својот дом во Куманово, неовластено заради продажба држела наркотична дрога – хероин во вкупна маса 4,31 грама. Откако претходно ја набавила наркотичната дрога од засега непознато лице, таа дрогата замотана во полиетиленско пакување ја скрила во кутија од цигари ставена на тераса, на прозорот од дневната соба. При претресот службените лица пронашле и дигитална вага“, соопшти Обвинителството.

Судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово го прифати предлогот на обвинителството и ја определи предложената мерка притвор во траење од 30 дена.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе