Кај тетовчанец пронајдени 200 куршуми

Шеесетичетиригодишен жител на тетовското село Глоѓи, К.Н. е уапсен откако во неговиот дом биле најдени и одземени над 200 куршуми за кои немал соодветна документација, соопшти МВР.

Според инфорамциите, при претресот биле пронајдени и одземени 185 куршуми за пиштол калибар 7,62 милиметри и 40, исто така, куршуми за пиштол, калибар 6,35 милиметри.

Тој бил уапсен и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе