При претрес на камион

Кај струмичанец пронајдени 100 килограми тутун, режан и пакуван за продажба

Сто килограми режан тутун, спакуван во кеси и кутии, подготвен за продажба, се пронајдени во товарно возило во сопственост на струмичанец.

На магистралниот пат Свети Николе – Штип, вчера во 3:30 часот кај населбата Три Чешми, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ж.А.(61) од Струмица, бидејќи при контрола на товарно возило „фиат", со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени околу 100 килограми сечкан тутун, спакуван во ќеси и кутии на кои имало називи и логоа од познати брендови на тутун, но без акцизни маркички и декларции, соопштија од МВР.

За случајот се запознати јавен обвинител и Царинската управа.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе