Кај Струмица изгоре камион, за среќа нема повредени

Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион, при што е предизвикана материјална штета, но нема повредени.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава“ учествувале тројца пожарникари и едно противпожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.

МИА

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе