Како што иннформира ОЈО, осомничениот вчера околу 17:15 часот, во патничко возило „шкода фабиа" кое го управувал кај улицата „Јадранска магистрала", односно на паркинг просторот позади ресторан „Капри", неовластено заради продажба држел 19.980 грама наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи.
По донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, јавен обвинител во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. вј/мд/