Кај скопјанец најдено големо количество дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против Д.М.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.

„Вчера околу 13.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени 486,06 амфетамин, таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), марихуана и две дигитални ваги со остатоци од амфетамин, кокаин и марихуана“ се вели во соопштението.

На пронајдените предмети било извршено вештачење, а пријавениот Д.М. бил приведен во полициската станица Центар.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе