При претрес на стан

Кај прилепчанец најдени пиштоли, пушки и куршуми

При претрес на еден стан во Прилеп полицијата пронајде повеќе парчиња пиштоли, пушки и куршуми, соопшти МВР.

„Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Т.(43) од Прилеп. При претрес, извршен со судска наредба, во домот на Р.Т. на ул.'Круме Спиркоски' во Прилеп, биле пронајдени и одземени: еден пиштол 'Екол' модел 'туна' калибар 8 мм, еден ловен карабин М 98 калибар 7,9 мм, една ловна пушка пумпарица модел 586, една полуавтоматска пушка М 59 - 7,62 мм, 4 парчиња куршуми калибар 6,35, 81 парче куршуми 7, 62 х39 и 35 парчиња куршуми 7,9 х57.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик“, информира МВР.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе