МВР билтен

Кај петмина скопјани и тројца тетовци пронајдена марихуана

Кај пет лица од Скопје, во одделни случаи, како и кај едно лице и двајца малолетници од Тетово полицијата пронашла марихуана. 

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Л.(36) од Скопје, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Карпош била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.01.2020 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода Е.Ш.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.01.2020 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Михаил Чаков“ ги лишиле од слобода А.Г.(26) и А.П.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.01.2020 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода И.П.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 21.20 часот во тетовско Непроштено, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(21) и три малолетни лица од тетовски Порој, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „пежо", со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Четворицата задржани се во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе