„Вчера, во 21.30 часот, на улицата „Васил Главинов" во Охрид, при преглед извршен врз Т.Љ.(31) од Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана. Дополнително, при претрес во неговиот дом како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски", пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со различа тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид. Т.Љ. е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава", соопшти МВР.
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 88НОВИ / 24h
- 1 од 15
- следно ›
- Контакт