МВР

Кај неколку лица пронајдена дрога

Дваесетгодишник од село Љубен е лишен од слобода бидејќи кај него е пронајдена марихуана.

„Тој е приведен вчера во 22 часот на улицата „Димитрие Чупоски" во Скопје и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во Скопје вчера во 23:40 часот е приведен и 42-годишниот  В.П.Х.(42) од Скопје, затоа што кај него исто така била пронајдена марихуана.

Во 23:50 часот вчера на улицата „Коле Неделковски" во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода и В.Ш.(44) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

И против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кај двајца скопјани вчера во 22:45 часот на улицата „Пиринска" е пронајдена прашкаста материја. 

Г.А.(23) и Б.Ј.(23)се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прашкаста материја и кафеава прашкаста материја се пронајдени вчера триесет минути по полноќ и кај 37-годишен кумановец“, информираат од МВР.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе