Се барале со потерница

Кај момчиња осудени за дрога пак најдена марихуана и прашкаста материја

Вчера во 21.30 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.З.(21) и О.С.(25), двајцата од Скопје. Лицата биле спроведени во надлежните казнено-поправни установи за издржување на затворските казни, а по расчистување и документирање на останатите случаи против нив ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.

В.З. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба" по член 236 од Кривичниот законик. О.С. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба" по член 236 од Кривичниот законик, по наредба на Основното јавно обвинителство Куманово за истрага поради сомнение дека сторил кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.

При претрес на просториите кои заеднички ги користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе