Во Тетово на ул.„Благоја Тоска“, вчера, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.А.(18) од Тетово и 17-годишник од тетовско Горно Палчиште, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
Исто така вчера, на ул.„Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино лишиле од слобода малолетник, затоа што кај него била пронајдена марихуана. За случајот биле известен Центарот за социјални работи. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.