Кај малолетници во Скопје најдена марихуана, и двајцата се приведени

Полициски службеници во два одделни случаи, при преглед нашле марихуана кај двајца малолетници, информира МВР.

Вчера на пладне полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Гоце Делчев“, лишиле од слобода 16-годишна малолетничка затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана и прашкаста материја.

Неколку часа подоцна полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Анри Барбис“, лишиле од слобода 17-годишен малолетник затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полицајци пронашле марихуана уште кај две лица во Скопје. Синоќа пред полноќ во Градскиот парк бил приведен Л.Ј.(25) кај кого била најдена марихуана.

Претходно за истото дело на ул.„Бледски договор“, е приведен и К.С.(31) од Скопје. И за нив по докуменитирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе