Кај Косовец и скопјани пронајдена марихуана, сите се приведени во полиција

Во текот на вчерашниот ден повеќе лица во Скопје се приведени откако при преглед кај нив полицајци пронашле марихуана.

Синоќа во 19.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Варшавска“, го лишиле од слобода О.Д.(27) од Косово затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Нешто подоцна, по 21 часот, полицајци пронашле марихуана и кај тројца скопјани М.Ј.(25), П.К.(22) и В.Н.(36) на ул.„Сливовска“, а попладнето во Градскиот парк во Скопје бил приведен И.П.(28), исто така од Скопје откако при извршен преглед и кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе