Поднесена кривична пријава

Кај гостиварец пронајдени кокаин, марихуана и дијаболи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.У.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори".

На 16 август минатата година во Гостивар при претрес во домот и помошните простори кај пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пневматски пиштол „Heekler &Koch НК" 45 калибар 177 и 1100 дијаболи.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Г.М.(33) oд Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори" и „овозможување на употреба на наркотични дроги".

На 08.11.2017 година, при претрес во домот на пријавениот, бил пронајден и одземен хероин. За време на претресот, во домот на пријавениот биле затекнати три лица, кај кои при извршен личен преглед била пронајдена и одземена марихуана.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе