Во скопско

Kaj две лица пронајдени дрога и куршуми

Две лица од Долно Свиларе се лишени од слобода, откако при полициски претрес кај нив биле пронајдени пакувања со кокаин и куршуми, пренесува МВР.

Завчера, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, извршија претреси во домовите на две лица од Скопје.

При претресот во викенд куќа во село Долно Свиларе на С.М.(33) биле пронајдени и одземени едно пакување со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин. При претресот во домот на Ф.С.(21) во село Долно Свиларе биле пронајдени и одземени куршуми и марихуана.

Двете лица биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Сарај. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе