На патот Дебар-Маврови Анови

Кај двајца Албанци пронајден ранец со два килограми марихуана

Синоќа пред полноќ две лица од Албанија биле лишени од слобода, откако при полициска контрола на нивното возило на патот Дебар-Маврови Анови, била пронајдена марихуана.

Вчера околу 23.10 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Жировница“ ги лишиле од слобода Е.Л.(18) и Е.Ч.(33), двајцата од Република Албанија. При преглед на патничко возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Е.Л., бил пронајден и одземен ранец со околу два килограми марихуана. Двајцата биле задржани во полициската станица Гостивар за натамошна постапка“, велат од МВР

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе