МВР

Кај четворица скопјани пронајдена марихуана

Денеска во 01:45 часот полициски службеници од СВР Скопје, во близина на Градскиот стадион, го привеле Ф. П. (20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Вчера во 12:30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улица „Вергино" ги лишиле од слобода С. Ш. (26) и Д. М. (31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така вчера полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:50 часот на Рекреативниот центар Езеро Треска го привеле С. Г. (43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе