Кај „Богородица“ најдени пет мигранти од Сирија, на возраст од 20 до 30 години

Во раните утрински часови, денеска на паркинг во близина на граничниот премин „Богородица“ од страна на полициски службеници биле пронајдени пет мигранти од Сирија, на возраст од 20 до 30 години, соопштија од СВР Струмица.

„Утрово во 5:00 часот, службеници од Полициската станица во Гевгелија, во приколка од товарно возило со српски регистарски ознаки, кое било пронајдено на паркинг на бензинска пумпа во влизина на ГП Богородица, пронашле пет мигранти од Сирија, на возраст од 20 до 30 години. Мигрантите се предадени во прифатниот центар „Винојуг" во Гевгелија“, се вели во соопштението од СВР Струмица.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе