Кај 9 лица на фестивал во Дојран пронајдена е дрога

Полицијата за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран синоќа, од 20:30 часот до изутринава 2:30 часот, извршила контрола и лишиле од слобода девет лица бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.

Како што информира МВР, лишени од слобода се К.А. (18) и А.М. (19), двајцата од Скопје, М.Ц. (26) и Д.П. (27), двајцата од Куманово, Г.П. (22) од Прилеп, Н.М. (22) од Охрид, Т.С. (21) од Валандово, Д.А. (19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, Струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.

„Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Во акцијата биле вклучени полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе