Кај 80-годишен тетовец најдени хероин и муниција, заврши во полиција

Хероин и муниција биле најдени кај 80-годишно лице во Тетово при претрес на неговиот дом, спроведен со судска наредба, информираат од тетовската полиција.

„Вчера околу 12 часот  и 30 минути, на улица ‘Борис Кидрич‘ во Тетово лишен е од слобода С.Б.(80) од Тетово. При преглед пронајден му е хероин, а нешто подоцна при претрес на семејниот дом, пронајдени му се вкупно 197 куршуми со различен калибар. За поголемиот број од куршумите тој не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот на С.Б., кој е задржан во Полициската станица Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за ‘неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори‘ согласно член 215 од Кривичниот законик и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Со соодветен поднесок денеска С.Б. ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе