МВР билтен

Кај 5 млади лица полицијата пронашла марихуана

Во изминатото деноноќие кај пет млади лица, во три одделни случаи, полицијата пронашла марихуана. 

На 24.01.2020 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден околу 20.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улица „112“ во Тетово ги лишиле од слобода Д.А.(24) и Ф.С.(21), двајцата од Кичево, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во одделен случај вчера околу 21.35 часот,  полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар на магистралниот пат Тетово - Гостивар, во близина на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Ф.А.(29) од тетовско Непроштено и Н.А.(22) од тетовски Порој. При нивен и преглед на возилото „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе