МВР

Кај 44-годишен штипјанец, пронајдени пушки, пиштоли, куршуми (ФОТО+ВИДЕО)

Штипската полиција, по претходно обезбедена судска наредба, вчера од 16.30 до 17.40 часот во Штип изврши претрес во домот и други простории кај М.Б. (44) од Штип.

При извршениот претрес, од страна полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9x19мм, малокалибарска пушка „симун“, пушка-карабин, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми, различен калибар, војнички ножеви, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго).

Поради постоење основи на сомневање дека е сторител на кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик, М.Б. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица, а пронајдените оружје и муниција се одземени.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе