Во гостиварското село Градец

Кафеаната работела со 20 гости во 21 часот - сопственикот приведен

Против сопственик на кафеана во гостиварското село Градец полицијата ќе поднесе кривична пријава за загрозување на јавното здравје, откако при контрола во 21 часот затекнати се 20 гости.

Синоќа околу 21.00 часот во гостиварското село Градец полицајци од одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(35), жител на селото, во чиј угостителски објект биле затекнати 20 гости.

Тој бил задржан во полициската станица во Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава според член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија".

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе