Поради непочитување на здравствените протоколи

Кафеана во струшко Калишта затворена во траење од 30 дена

Поради непочитување на работното време утврдено согласно здравствените протоколи за заштита на населението од коронавирусот полицијата и Државниот пазарен инспекторат синоќа затворија угостителски објект во струшкото село Калишта.

Во соопштението на МВР се наведува дека државниот инспекторат заедно со службеници од полициската станица во Струга во текот на вчерашниот ден констаирале дека угостителски објект во село Калишта, сопственост на А.Р. (36), работи надвор од дозволеното работно време.

Од МВР велат дека во објектот биле затекнати три лица, а било и констатирано дека не поседуваат соодветна документација за работа.

„Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен во период од 30 дена, а ќе биде поднесен и соодветен поднесок“, се додава во соопштението на МВР.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе