СВР Тетово

Јосифовски: Истраги за 28 случаи на злоупотреба на фотографии и видеа од интернет

Половината од случаите се расветлени и на потег е обвинителството. Казните може да бидат парични, но и затворски до три години, вели портпаролот на тетовската полиција.

Во текот на годинава во СВР Тетово 28 лица пријавиле дека се соочиле со тоа нивни фотографии и видео содржини да бидат објавени од други лица, а тоа е во делокругот на злоупотребата на лични податоци, информира портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски.

Тој вели дека над половината од нив завршиле со соодвтни соодветни поднесоци согласно членот 149 од Кривичниот законик. Во тек е работа на расветлување и на преостанатите случаи, нагласува портпаролот.

„Претежно станува збор за објавување на фотографии, коментари или видео-клипови со компромитирачка содржина или порака, а што претставува кривично дело за кое се предвидени парични глоби или затворска казна во траење од една до три години. Во овој период, исто така, евидентирани се и случаи кога злоупотребувачите на своја рака, на разно-разни начини успеале да симнат фотографии од друг профил и потоа истите да ги злоупотребат, без знаење и согласност од оние на кои им припаѓале тие фотографии", вели Јосифоски.

Портпаролот на тетовската полиција апелира до граѓаните да не злоупотребуваат туѓи содржини бидејќи можат да дојдат во судир со законот.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе