Јосифовски доби кривична пријава за хакирањето на Централен регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија (НСДП) Љубомир Јосифовски (46)поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем".

Според полицијата, Јосифовски од јануари до септември годинава , како управител на деловен субјект од Скопје, кое со Централниот регистар на Р.С.Македонија имало склучено договор за користење на дистрибутивниот систем, недозволено автоматизирано извршувал системски команди кои му овозможувале за исти производи и исти податоци од претходно направените нарачки да прави нови нарачки во позадински систем и од него да добива нови податоци.

Притоа, тој целосно ги заобиколувал контролите за наплата, односно податоците од нарачките ги добивал без надомест, со што го оштетил Централниот регистар на Р.С.Македонија за 33.402.238 денари.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе