Маж најден мртов, бил убиен со давење

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со службени лица од полицијата, по пријавен настан вршеше увид на лице место во семејна куќа во село Црвевци, кичевско каде беше пронајдено починато лице. Утврдено било дека лицето било убиено со давење.

Починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомневање за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт -давење.

Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска  по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело, соопшти Јавното обвинителство на Македонија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе