ЈО: Осомничен за семејно насилство доби притвор

Постапка против едно лице осомничено за семејно насилство, нанесување телесна повреда и неизвршување на судска одлука поведе јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

„Осомничениот, на 26 мај, веднаш по судската расправа и објава на пресуда против него за семејно насилство во Основниот кривичен суд Скопје, физички повторно ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга. И покрај тоа што со претходно правосилно судско решение му биле изречени мерки за забрана за приближување на оштетената, тој ја пресретнал на паркинг простор во близина на Судот, започнал да ја влече за рацете, ја фатил за вратот и започнал да ја дави, нанесувајќи ѝ видливи повреди. Потоа ја навредувал и ѝ се заканил дека со себе носи нож, со што ја присилил да влезе во нејзиниот автомобил“, соопшти Јавно обвинителство. Оштетената, исплашена и испаничена во тој момент, влегла во автомобилот, а осомничениот веднаш по неа влегол и седнал на задните седишта. Тој ѝ наредил да го стартува автомобилот и да вози кон неговото живеалиште, заканувајќи ѝ се дека таму ќе ја силува. Ѝ ги зел нејзините мобилни телефони и нејзината чанта, за оштетената да не повика полиција, па ја влечел за косата, упатувајќи ѝ закани по животот.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на можност за бегство, како и опасност тој да го повтори кривичното дело или да го изврши кривичното дело со кое се заканува. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе