Јавно обвинителство: Предлог за притвор за таткото кој пијан се обидел да си го убие синот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои сомневање дека сторил кривично дело – убиство во обид. Надлежниот обвинител презеде дејства од кои произлезе дека осомничениот сторил и кривично дело – загрозување на сигурноста кое претходело на обидот за убиство.

На 23 јули, во вечерните часови, осомничениот во алкохолизирана состојба пристигнал во семејната куќа во Радишани, каде со сопругата и децата живееле разделени на посебни катови поради претходно нарушени односи. Притоа започнал да ги навредува сопругата и ќерката, ги полеал скалите, оградата и ѕидот од куќата со бензин, заканувајќи се дека ќе ги запали ако не се отселат.

Кога неговиот 18-годишен син се обидел да го спречи во семејното насилство, осомничениот со умисла се обидел да го лиши од живот. Тој го давел оштетениот со двете раце на вратот и се обидувал да го фрли од терасата на вториот кат кон дворот на куќата, на висина од 2,5-3 метри. Во намерата го спречиле сопругата и двајца сведоци на настанот.

Оценувајќи дека постои сериозна опасност осомничениот да избега доколку се брани од слобода, да се обиде да го доврши обиденото кривично дело и да го стори делото кое се заканувал дека ќе го изврши, како и да влијае врз сведоците и врз оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе