Истражен затвор

Јане Ченто во Шутка не го давал мобилниот и насилно му бил одземен

Мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети биле пронајдени при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто, соопштуваат од Истражниот затвор Скопје.

Директорот на затворот Ѓоко Котевски потврди дека службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што тој се спротиставил и пружил активен и насилен отпор.

Службените лица на тоа одговориле со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети.

Со медицинска белешка утврдено е дека како резултат на физичкото дејство има црвенило врз кожата, без посериозни последици, соопштија од затворот.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе