Сообраќајни контроли на МВР

Изречени мерки за 160 возачи во Скопје, 44 се за брзо возење

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Изречени се и 13 санкции за користење мобилен телефон, 11 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, осум за некористење сигурносен појас, три прекршоци што ги чинат пешаците и 45 санкции за непрописно паркирани возила.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност и посигурни патишта. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе