Сообраќајна контрола

Изречени 81 казна за непрописно паркирање во Скопје, низ државата казнети 249 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден во Скопје исречени се 81 казна за непрописно паркирање, а на радар се регистрирани 53 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Низ целата држава пак, за брзо возење се казнети 249 возачи. 

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои и 11 санкции за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење мобилен телефон, четири за непрописно престројување и пет санкции за некористење сигурносен појас

Низ целата држава казнети се вкупно 249 возачи за брзо возење, од нив 53 во Скопје. Според регистрираното на полициските радар - уреди, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, предупредува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе