Изречени 183 мерки за сообраќајни прекршоци

На територија на град Скопје вчера се изречени 183 мерки за сообраќајни прекршоци, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 44 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 15 санкции за возење без возачка дозвола, соопшти МВР.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возач почетник, две мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 35 за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, нагласува МВР.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе