Изречени 166 казни за пешаци

Полицијата на територијата на целата држава вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што казнети се 166 пешаци од кои 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а пет за минување на црвено светло.

Како што соопшти МВР, за време на контролата регистрирани се и 111 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе