Изнајмиле апартман и краделе на плажа, македонски државјани уапсени во Будва

Црногорската полиција ги уапси македонските државјани Шаип Р. (58) и Тони Т. (52), кои што се сомничат дека изминатите две недели извршиле шест кражби на будванските плажи.

Тие, како што пишува црногорскиот портал „Вијести“ биле откриени откако на туристите на познатата „Словенска плажа“ им rи краделе торбите кои ги оставале под чадорите додека се бањале во море.

Нив ги забележал иннспектор во цивил, кој по службена должност бил на плажата.

„Будванската полиција, за да ги спречи кражбите, назначи одреден број инспектори што секојдневно се во цивил и ја контролираат плажата. Токму во таков случај се уапсени државјаните на Македонија. Ги следеле до автомобилот што го паркирале недалеку од плажата, каде им се ставени лисици на рацете и приведени“, велат од тамошната полиција.

Mакедонските државјани во Будва стигнале пред петнаесетина дена и изнајмиле апартман на море.

„Со автомобилот секој ден доаѓале на плажа, обично ги бирале најпосетените. Користејќи го метежот, незабележано краделе. За жал и мало невнимание на туристите било доволно да останат без своите предмети. Краделе торби со лични работи, паричници, пари, накит, картички за банка, па дури и гардероба“, објаснуваат инспекторите.

На двајцата крадци им е одреден притвор од 72 часа. Тие ги признале шесте кражби.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе