ВО РАДОВИШ

Измамник сакал да продаде „златни“ предмети за 1.000 евра

Радовишката полиција поднесе кривичнa пријавa против Ѓ.Д. (46) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

На 7 август околу 17.30 часот, Ѓ.Д. со уште едно засега непознато лице во златара лоцирана на ул. “22-ри Октомври“, во Радовиш на вработената Ј.Т. и понудиле на продажба златни предмети.

Откако Ј.Т. направила основни проверки на златните предмети прифатила да ги откупи и им исплатила сума од 62.400 денари. Сомневајќи се во составот на златните премети, откако Ѓ.Д. и другото лице излегле брзо од дуќанот, Ј.Т. извршила дополнителни проверки на златните предмети, при што утврдила дека во составот имаат и друг метал, односно дека се работи за фалсификат.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе