Измамник го оставил да гледа дрва за огрев, a од неговата сопруга зел 12.000 денари

Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Н.(64) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на ул.„ Ацо Шопов" бил измамен од непознато лице.

Според пријавеното, непознатото лице дошло во неговото дворно место и му понудило огревни дрва.Откако се договориле за цената и количината тргнале да ги видат и натоварат дрвата. Набргу потоа, непознатото лице го оставило И.Н., со изговор дека треба да се врати по камионот. Но, наместо по камионот отишол во домот на И.Н. и од неговата сопруга зел 12.000 денари и заминал.

Подоцна, И.Н. заклучиле дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе