Измамил жена за 135.500 денари, за да ѝ го „спаси” синот од затвор

68-годишната В.Т. Од Скопје вчера попладне пријавила во СВР Скопје дека истиот ден околу 13.50 часот на домашниот телефон во станот на нејзиниот син и се јавило непознато лице кое ѝ кажало дека наводно нејзиниот син направил сообраќајка, при што згазил дете кое починало. Тој и побарал 50.000 евра за наводно да „среди“ да не биде казнет нејзиниот син, а во спротивно тој би бил казнет со затвор до десет години. 

Пријавителката му рекла дека немала толку пари по што тој ја прашал колку можела да најде. По кратко време, му дала 135.500 денари на таксист кој го испратило лицето со кое зборувала. Подоцна оштетената исконтактирала со нејзиниот син и сфатила дека била измамена за сума од 135.500 денари. Се работи на расчистување на случајот. 

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе