Измамен уште еден скопјанец, му одзеле 2.800 евра лажејќи го дека ќерка му прегазила дете-мигрант

Прегистрираше уште еден случај на измама во кој жртвата дава пари откако ја лажат дека ќерката предизвикала сообраќајка. Случајот бил регистриран вчера, а измамен бил 69-годишен старец.

„Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(69) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2800 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот му се јавило лицето кое му кажало дека неговата ќерка прегазила дете – мигрант и требало да даде пари за да и помогнат. Според пријавеното, околу 15 минути подоцна пред зграда во Скопје М.Ј. на непознатото лице му дало 2800 евра, но откако се јавил на неговиот син сфатил дека бил измамен“ велат од полицијата и истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сличен начин на измама полицијата регистрира и мината недела, кога 78-годишна скопјанка на непознато лице му платила околу 2.000 евра.

И таа добила повик во кој ѝ кажале дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која било повредено едно лице мигрант, а ќерка ѝ била со тешки повреди.

 

 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе