Измамен гостиварец, дал осум илјади евра за стан во Струга

Вчера во 12.00 часот во полициската станица Гостивар, Л.Д.(35) од Гостивар пријавил дека бил измамен од лицето А.„Н".

Според пријавеното, на 14.08.2017 негов познаник го повикал кај него затоа што кај него било лице кое продавало стан во склоп на хотел во Струга и ако бил заинтересиран да дојде да се договорат. Исто така, според пријавата, тој отишол и се сретнал со А.„Н", при што се договориле да го купи станот за цена од 8.000 евра, а парите ги барал веднаш затоа што правел свадба. Како што е пријавено, Л.Д. се согласил и наредниот ден заедно со негов пријател во Гостивар се сретнале со А.„Н" и му дал половина од сумата и ги зел клучевите од станот, а неколку дена подоцна повторно се сретнале во угостителски објект и му ја дал втората половина. Според пријавеното, по неколку дена, Л.Д. отишол во хотелот во Струга каде што го известиле дека лице со име А.„Н" не поседува стан и му дозволиле да провери. Како што пријавил Л.Д., после тоа тој се сретнал со А.„Н" и по извршен разговор со него дознал дека бил измамен, а до денот на пријавување не добил сопственост на станот и не му биле вратени парите.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе