Сообраќајка во близина на угостителски објект кај кичевско Зајас

Излетале со автомобил од патот и завршиле во болница

Две лица се потешко повредени откако вчера со автомобил „фиат пунто" излетале од патот во селото Зајас. 

„Вчера околу 05.15 часот во близина на угостителски објект во с.Зајас, кичевско, патничко моторно возило „фиат пунто" со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од с.Брвеница,тетовско, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А и сопатничката М.А.(24) од с.Брвеница кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош“, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе