Шеесет и петгодишниот Ц.М. управувајќи камион сканија, сопственост на ДООЕЛ „Смит-Транс“ - Прилеп, движејќи се во правец на Македонски Брод изгубил контрола над возилото и се превртел на коловозот, при што починал на лице место.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица- Македонски Брод, соопштија од полицијата.
Сообраќајот беше во целосен прекин од 10.30 до 19.25 часот.