Во општина Желино

Изгореа шума и дрвени бандери на ЕВН

Вчера околу 00:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Суроч", атар на село Луковица, општина Желино, настанал пожар на шумски предел сопственост на ЈПУ-ЗПП „Јасен"-Скопје.

Со пожарот била зафатена нискостеблеста шума и биле оштетени четири  дрвени бандери од среднонапонска мрежа, сопственост на ЕВН – подружница Тетово.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе