Изгоре семејна куќа во Шипковица

Семејна куќа во тетовското село Шипковица изгоре ноќеска во пожар кој започнал после полноќ. При пожарот и при интервенција на пожарникарите нема повредени лица. Според информациите на Алити, во текот на интервенцијата спречено е пожарот да се прошири на други објекти.

„Пожарот е пријавен во 00.42 минути во Територијалната противпожарна единица Тетово. Веднаш беа упатени три противпожарни возила и се работеше на целосна локализација и ликвидација на пожарот до раните утрински часови. Повредени нема ни од мештаните од селото кои ни помагаа, ни од пожарникарите. Направена е голема материјална штета“, информираше Ука Алити од ТППЕ Тетово.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе