Изгоре објект полн со сено во беровското село Мачево

Во пожар изгоре објект полна со сено во беровското село Мачево. Објектот е тврда градба во сопственост на Митко Црнешки кој живеел на горниот кат од куќата, додека во долниот дел од градбата чувал добиток. 

Од ТППЕ Берово го потврдија случајот и притоа информираа дека пожарот е локализиран во 19:00 часот.

-Дојавата ја примивме во 17:46 часот, објектот е тврда градба, изгоре сено на повисокиот дел од објектот, долу се спасени и живи извадени од пожарот четири кози, а спасено е и сеното, истакнаа од ТППЕ Берово. 

Пожарот целосно е ликвидиран во 20:10 часот, а во гаснењето како што додаде командирот на единицата Сашко Руменовски, учествувале седум пожарникари со две противпожарни возила.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе