Изгоре автобус кај Крушице

Изгоре автобус на штипската фирма „Кит-го“ на автопатот Штип-Миладиновци кај светиниколското село Крушице.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека во автобусот немало патници, возачот на автобусот сам бил во него, кога почнал пожарот, тој се обидел да го изгасне со противпожарен апарат. Но, огнените јазици били силни и го зафатиле целосно.

„Светиниколските пожарникари се на терен, од пожарот на автобусот зафатена е и ниско стеблеста шума. Среќа е што во него немало патници“, вели Велковски

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе