МВР му поднесе кривична пријава

Издавал возачки дозволи на лица кои немале положено

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.Ј., помлад референт за управни работи – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Во периодот од март до мај 2020 година, пријавениот во три наврати ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што постапил спротивно на одредбите од член 272 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и правилникот, односно извршил креирање на барање за возачки дозволи и фотографирање за возачки дозволи, кои ги процесирал во натамошна постапка (одобрување) за три лица, кои воопшто немале положено возачки испит.

Против Ш.Ј. е поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе