Избувна пожар во поранешната касарна во Струмица

Попладнево пред 17:00 часот избувна пожар во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица. Густиот чад може да се забележи од далеку, а досега пожарот целосно го изгоре покривот на објектот.

Според граѓани, кои живеат во близина на поранешната касарна, пожарот избувнал пред 17:00 часот.

„Слушнав сирени од противпожарните и полициските возила и кога излегов видов дека гори најголемиот објект во касарната. Таму некогаш беа сместени повеќе стотина војници и се работи за навистина голем објект. Овој дел на касарната е препуштен на забот на времето и многу граѓани слободно се движат тука“, рече Мошо Лазаревски.

Во гаснењето на пожарот учествуваат сите расположиви возила и сили на ТППЕ Струмица, а приодот кон објектот е целосно затворен од страна на полицијата.

На 25 март годинава во пожар во поранешната струмичка касарна изгоре објектот во кој беше сместена регионалната телевизија „ВИС", а од пожарот големи штети претрпеа конфекциски погон и печатница.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе